Природата од нашето поднебје,во вашиот дом. Oд дрво со строго контролиран процес на подготовка за финален производ Години наназад ја оставивме душата, сета љубов кон дрвото и многу труд а да создадеме производ достоен за вас!
Врвен квалитет, најниски цени, најголем избор како никогаш досега !




Производи од масивно дрво

Астал е замисла која сеуште не е реализирана во целост, смелоста, упорноста и чесната работничка, но и иновативна енергија се претопија во уникатни производи од дрво. Како производство на трпезариски и клуб маси, елементи од дрво, како ногарки за столчиња и гарнитури, ТВ комоди, винарии, шанкови, скалници, даски за сервирање и многу др.производи Ние можеме да се пофалиме со најсовремени технологии во процесот на трансформација од внимателно одбрани дрвни суровини во финални и полуфинални производи на големо и мало.

Најчесто работиме со Бука, Даб, Орев...Убавината на нашите производи доаѓа од самата природа и наш белег од самиот почеток е дека работиме исклучиво само производи од дрво. Како вљубеници во природата нашата компанија води сметка за животната средина , за здравјето на нашиот тим и на клиентите и од таа причина користиме заштита на производите со сите сертификати за безбедно и еколошко производство и користење на нашите производи

Нашата цел беа и ќе останат Вашите задоволни и насмеани ликови, новите пријателства и секако да оставиме траен белег во делот на внатрешното уредување на Вашот дом, во дрвната индустрија во Македонија, но и пошироко. Ве очекуваме