ДАБ
Дабот е еден од најстабилните материјали од аспект на видливи промени со око на финален производ и е многу отпорен и прилагодлив на надворешни температурни промени и влјанија, а воедно изобилува од шари, годови и грешките во глуждови (чворовите) и пукнатините знаат да го дополнат мозаикот на природно богат изглед на финален производ. За да се избегнат термити од дабот се користи исклучиво средишниот дел од материјалот (срцевината), додека белиот дел (беловината) во повеќето случаи мора да се отфрли. Процесот на сушење на дабот е доста специфичен и тежок.Само врвни стручни лица и претпријатија со сушари со висока технологија можат да создадат квалитетен даб од аспект на сушење на истиот. Дабот со својата нијанса важи за едно од посветлите дрва и остава можност за нијансирање (бајцување по желба).
Комода модел ГОРДАН 600 евра (36.900 ден)
Комода 2 полици и метал 450 евра (27.675 ден)
Дрвен скалник 99см х 30см х 4см класа 1 75 евра (4.613 ден)
“Дабот е исклучително квалитетен материјал кој по своите карактеристики од анатомски аспект е поинаков од оревот и буката, и не подлежи под процес парилница, па затоа нашата одговорност и задача е да бидеме превнимателни при одбирањето и набавката на материјал за Вас, се со цел да се избегнат несакани последици како термити и искривување на производот” Трпезариска маса до 200см х 90см х 4см 880 евра (54.120 ден.)
Клуб маса до 120см х 70см х 4см 380 евра (23.370 ден.)
БУКА
Трпезариска маса до 200см х 90см х 4см 580 евра (35.670 ден.)
Клуб маса до 120см х 70см х 4см 280 евра (17.220 ден.)
Скалник 40 евра(2.460 ден.)
Даска за сецкање и сервирање од 5 евра (308 ден.) до 20 евра (1.230 ден.)
Буката ни пристигнува во 3 класи. Екстра класа, прва и втора. Нашето производство користи исклучиво екстра класа на бука за изработка на плотни за маси. Буката важи за едно од најцврстите видови и по својата нијанса е најсветла во споредба од дабот и оревот и остава можности за (бајцување) нијансирање по желба на клиентите.
Буката како едно од најзастапените материјали во нашето поднебје е вистински дар за сите нас, над 80% од нашата дрвна индустрија ги задоволува своите потреби од овој дрвен материјал”
БАЈЦУВАНАТА БУКА
Вистински овој процес бара квалитетни услови за работа и професионален пристап за да се постигне успех при нијансирањето. Нијансите ги одбира лично клиентот кај нашите добавувачи. *Цената на нијансиранте производи често е иста или слична како кај натур варијантата на бука. “Бајцуваната бука е всушност истата екстра класа бука, но со изработена посебна техника на нијансирање на плотните од наша страна”
ОРЕВ ПРЕМИУМ
Премиум варијантата на орев за разлика од рустик варијантата се разликува по својствата здобиени при процесите на термчката обработка на материјалите, односно внимателна селекција, погодени тајминг и процент на влажност пред парилница и уште многу други сегменти од процесите потребни за да се добие најпрво квалитетен материјал погоден за изработка на финален производ.
Парењето на оревот е од исклучителна важност за уништување на термитите, па од тука од нас добивате гаранција од термити 5 години од денот на купување на производот од орев премиум. Во однос на изработката можете да одберете природен кант (liveedge), прав кант, под агол или рачна изработка.
Димензиите се стандардни, но изработуваме и по Ваша желба. Во делот на истрајноста оревот е меѓу фаворитите, потребен е период на адаптација од 6 месеци до 1 год. проледено со мали за око видливи промени, а потоа се препорачува лесна реставрација и производот е спремен за наредните неколку векови.
ФЕНИКС
Нашиот прв модел во 2023 е Феникс трпезариска и клуб маса Може да се изработи од бука, даб или орев. Визуелно ќе ја препознаете по специфичниот спој на самиот агол од плотната со заоблување кое е рачна изработка и ногарки од дрво изработени на цнц торно машина со највисок степен на технологии и прецизоност. Може да биде во полна боја (црна бела антрацид), но доколку се одбере даб или бука како материјал може и да се нијансира (бајцува) по желба. Имате можност да одберете мат, полусјајна или сјајна варијанта.
Стандардни димензии на маси се:
140см х 90см, 160см х 90см, 180см х 90см, 200см х 90см, но изработуваме и по Ваша желба. Дизајнот на масата е изработен од Астал Скопје на 20.01.2023. Рок на изработка до 30 дена Цени за трпезариска маса ФЕНИКС
Бука 750 евра (46.125 ден.)
Даб 950 евра (58.425 ден.)
Премиум орев 1.200 евра (76.875 ден.)
Клуб масичка ФЕНИКС Бука 400 евра (24.600 ден.)
Даб 600 евра (36.900 ден.)
Орев премиум 1.000 евра (61.500 ден.)
КАРАН
Нашиот втор нов модел за 2023 и реакциите за дизајнот на масата ги надминаа сите очекувања” Вистинска изработка со многу столарски сегменти во делот на спојувањето на компонентите на масата, дрвени ногарки на аглите од плотната и совршено безбедна за деца,како и Феникс масата, благодарение на заоблените рабови.
Каран масата може да се изработи од бука, даб и орев во боја ли нијанса по желба и во дмензија по потреба на клиентот. Цена за трпезариска маса КАРАН
Бука 700 евра (43.050 ден.)
Даб 900 евра (55.350 ден.)
Орев премум 1.200 евра (73.800 ден.)
Клуб Масичка КАРАН Бука 350 евра (21.525 ден.)
Даб 550 евра (33.825 ден.)
Орев 750 евра (46.125 ден.)
ОСТАНАТИ ПРОИЗВОДИ ОД МАСИВНО ДРВО
Скалници, парапетни даски, даски за сервирање, шанкови, декоративни ѕидови, ТВ платформи, единечни и лежаи за спална, наткасни, комоди, елементи за купатило со импрегнација, декорации и др.
Цената на елементите од дрво е по договор во зависност од количините на неделно, месечно годишно ниво.